Грција ќе ја прошири граничната ограда кон Турција, тврди дека Турците пукале во грчката полиција

Грчката влада ќе ја прошири граничната ограда покрај реката Еворс во подготовките за нов бран мигранти и тврди дека турските војници пукале кон грчката полиција на почетокот од овој месец пренесува „Прото Тема“.

Планот за проширување на граничната ограда е дел од новиот закон за справување со ширењето на Ковид-19 и се истакнува дека грчките власти ќе го градат продолжувањето на граничната ограда без оглед на буџетот за расходи.

Оклопни воени возила ќе бидат распоредени и по северната граница со Турција поради покривање на вонредни и итни потреби за јавниот интерес и за заштита на националните и на границите на ЕУ.

Грчката влада исто така тврди дека Турција може да ги испраќа мигрантите назад во грчката гранична област откако претходно ја затвори границата кон крајот на минатиот месец поради стравувањата од инфекција со Ковид-19.

„Забележавме некои сомнителни движења… Како резултат на тоа, наредивме засилена подготвеност во следните неколку дена за време на велигденските празници“, вели извор од грчката влада.

Портпаролот на грчката влада, Стелиос Петас, ги потврди тврдењата, велејќи дека Грците забележале знаци на активност.

Грчкиот министер за одбрана Никос Панагиотопулос додаде: „Ќе ги зајакнеме нашите сили по должината на границите. Во Еврос постојната ограда е зајакната и се гради на места каде што не постоеше. На море, каде што напорите се потешки отколку на копно, сме со крајбрежната стража.“

Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отвори турската граница за мигрантите, грчките власти пријавија повеќекратни акти на агресија од турските сили стационирани по должината на границата.

На почетокот на овој месец турските специјални сили пукале кон грчката полиција, како во воздух така и во нивната насока. Инцидентите се случиле вечерта на 7 април во близина на селото Софико, при што најмалку тројца турски војници пукале во три одделни инциденти. Грците не возвратиле на огнот.

Треба да знаете
Последни објави