(Видео) Српски полицаец удира човек кој го прекршил полицискиот час

Српските медиуми објавуваат видео на кое се гледа како полицаец пет пати удира маж штп седи на задното седиште во полициски автомобил. „Н1“ пишува дека станува збор за човек што ја прекршил забраната за движење поради коронавирусот.

Како што пренесува „Блиц“, сè се случило вчера во центарот на Белград. На видеото јасно се слуша гласот на девојка што го набљудува настанот од страна и коментира „глдеај како го удира, срам да му е“.

Помошник-министерот и началник на секторот за внатрешна контрола во Министерството за внатрешни работи, Драган Кујунџиќ, рече дека однесувањето на полицискиот службеник ќе биде детаљно испитано.

„Во врска со снимката што се појави на социјалните мрежи, а на која се гледа дека полициски службеник повеќепати удира приведен човек, секторот за внатрешна контрола ќе ги преземе сите мерки и дејства во рамките на својата надлежност и ќе го провери однесувањето на полициските службеници, а за тоа ќе биде информирано и надлежното обвинителство“, се вели во соопштението.

Министерот за полиција, Небојша Стефановиќ, рече дека снимката, која покажува неправилно постапување на полицаец, не е снимка што одразува каква полиција му е потребна на општството.

https://twitter.com/i/status/1250489765301977089

Треба да знаете
Последни објави