Кисиќ: Се гледа крајот на пандемијата од коронавирусот во Србија

Епидемиолошката ситуација во поголемиот дел од Србија е под контрола. Фокусот на делување е ставен на поедини жаришта, па полека се наѕира и крајот на епидемиското ширење на инфекцијата, порача утрово д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, заменик директор на Институтот за јавно здравје во државата.

-Посветени сме на поедини жаришта. Се гледа крајот на ширењето на болеста, но ќе бидеме релаксирани дури тогаш кога бројот на новозаразени ќе биде значително намален, односно на дневно ќе спадне на нула – рече Кисиќ од Ниш каде е формиран нов кризен штаб за нишавскиот и топличкиот регион кој треба да преземе дополнителни мерки во борбата со пандемијата, бидејќи сега главното жариште на корронавирусот е југот од земјата.

Изминатите денови најмногу случаи на ново инфицирани од коронавирусот имаше во Ниш, откако е откриено дека е заразено 151 лице во старски дом, поради што директорот е приведен за непреземање и непримена на соодветни заштитни мерки за луѓето, а заработи и кривична пријава.

Освен во овој регион епидемиолошката ситуација во Србија е стабилна што им дава за право на здравствените власти да очекуваат и привршување на битката со вирусот.

Треба да знаете
Последни објави