Search

Издадени одобренија за градба за 62,1 отсто повеќе во февруари, во Скопје најмногу во Бутел, Петровец, Карпош и Сопиште

 За 62,1 отсто се издадени повеќе дозволи за градба во февруари годинава во однос на февруари лани, објави Државниот завод за статистика.

Објавените податоци покажуваат дека во февруари се издадени 248 одобренија за градење. Предвидената вредност на објектите за издадените одобренија изнесува 3.049.564 илјади денари, што е за 158,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

Според региони во вардарскиот се издадени 11, во источниот 58, југоисточниот 10, југозападниот 19, североисточниот осум, полошкиот 45, пелагонискиот 26 и скопскиот 71 издадено одобрение за градење во февруари. Во скопскиот регион најмногу ќе се гради во општинините Бутел, Петровец, Карпош и Сопиште.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.049.564 илјади денари, што е за 158,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 137  или 55,2 отсто се наменети за објекти од високоградба, 33 или 13,3 отсто за објекти од нискоградба и 78 или 31,5 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 248 објекти, на 130  или 52,4 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 118 или 47,6 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 336 станови со вкупна корисна површина од 28384 м2

Треба да знаете
Последни објави