Државниот секретар во МВР на Словенија поднесе оставка откако беше фатен дека вози под дејство на алкохол

Новиот државен секретар во Министерството за внатрешни работи на Словенија, Франц Брезник, поднесе оставка, откако полицијата го фати дека вози службен автомобил побрзо од дозволеното и под дејство на алкохол.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, настанот се случил на 2 април, а полицајците измериле дека тој во крвта има 0.44 промили алкохол што е два пати над максимално дозволеното ниво.

Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс изјави дека ќе ја прифати оставката на Брезник.

– Сакам да се расчистат сите дилеми дали полицијата реагирала правилно. Јас лично верувам дека во овој случај се запазени сите стандарди. Очекуваме оваа пракса која ја воспоставивме да важи и за сите во идина, изјави Хојс.

Инаку, повлекувањето на Брезник е прв случај на оставка на функционер именуван од новата Влада на Јанез Јанша. а

Треба да знаете
Последни објави