Search

Спасовски од Куманово: За Велигден да останеме дома, така ќе го победиме ова зло

Премиерот Оливер Спасовски денеска од Куманово, коментирајќи ги информациите во јавноста дека за велигденските празници ќе има посебни термини за причест во црквите, упати апел до граѓаните да се почитуваат мерките на Владата и за време на велигденските празници со цел да се спречи ширењето на заразата.

-Сакам да изразам сочуство до семејствата на починатите. Ние како влада навремено реагираме и ќе направиме се што треба за да го заштитиме граѓаните што побрзо да се помине оваа криза. Уште еднаш апелирам да се почитува мерката, да нема групирања и за велигденските празници. Сега е моментот кога велигденските празници сите заедно треба да ги прославиме дома во кругот на семејствата. Ние немаме одлука за затворање на верски објекти, ниту за непрактивување на верата затоа што тоа не може да се донесе, дури во ниту една состојба да се наоѓа државата тоа е право кое е неприкосновено. Но, знаете, имаме одлуки и ставови и на МПЦ и на ИВЗ, што се однесува до почитувањето на мерките на Владата за одржување социјална дистанца. Апелирам за велигденските празници да се остане дома. Така најмногу ќе придонесеме за спречување на вирусот, порача Спасовски при посетата на Куманово.

https://www.facebook.com/o.spasovski/videos/228036365068888/?t=3

Треба да знаете
Последни објави