Search

Лукаревска: Пад на буџетските приходи за 12 отсто во март

За 12,28 отсто се намалени приходите во државната каса во март годинава во однос на март лани. Најголем пад од 16,85 отсто има кај ДДВ и кај данокот на добивка од 10,78 отсто. Додека кај данокот на личен доход падот е од 1,11 отсто. Ова го соопшти на денешната прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Таа рече дека од јануари до март се остварени приходи во износ од 19 милијареди денари.

Според неа, дополнителен пад на приходите е забележан во април.

– Споредбите со уплатата на даноците во април од 1 до 14 со истиот период лани во април се дека и во овој месец е забележан пад на уплатата на даноците. Кај ДДВ падот е од 79 отсто, кај данокот на личен доход имаме пад од 6 отсто додека кај данокот на добивка падот е од 9, 97 отсто, рече Лукареска.

Рокот за достава на ДДВ-пријавите е 25 април, а на предлог на сметководителите, се размислува истиот да биде одложен. УЈП ги повикува самовработените и претпријатијата кои имаат пад во дејноста да ја искористат можноста од донесените уредби за ослободување од наплата на данок на добивка.

-Разгледана е опцијата да се пролонгира рокот до крајот на месец април за ДДВ, а во овој период на криза ммавме продолжување на роковите во сите сегменти за поднесување даночни пријави. УЈП нема постапки за присилна наплата за да го полни буџетот За разлика од приходите од даноци кај приходите од придонеси во овој период е забележан раст и тоа кај придонесите за пензиско и инвлаидско осигурување пораст од 10, 15 отсто, додека кај придонесите за здравствено осигурување растот е од 18, 4 отсто, рече Лукаревска.

Досега се поднесени и прифатени 370 барања за ослободување данок на добивка до УЈП, додаде Лукаревска.
Треба да знаете
Последни објави