Иновтивни 55 отсто од вкупиот број деловни субјекти во земјава

 Над половина од деловните субјекти во вкупниот број или 55 отсто се иновативни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика кои се однесуваат на периодот 2016-2018 година.

Од вкупниот број иновативни деловни субјекти, 16,8 отсто имаат воведено иновација на производ, 26 отсто имаат воведено иновација на процес, а 55,6 отсто имаат воведено иновација на производ и процес. Прекинати или откажани иновации имаат 1,6 отсто од вкупниот број иновативни деловни субјекти. Најмногу иновации се бележат во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 89,5 отсто, потоа маркетинг (реклами и пропаганда) и истражување на пазарот 78,1 отсто, информации и комуникации 77,5 отсто, а најмал процент на иновации се бележат во секторот научно истражување и развој 23,5 отсто.

Треба да знаете
Последни објави