(Видео) Британка со 106 години го победи вирусот, болничарите ја испратија со аплауз

Жена стара 106 години, за која се верува дека е најстарата пациентка во Велика Британија која успешно го пребродила коронавирусот, беше испратена од болницата со аплауз од страна на здравствените работници.

Кони Тичен од Бирмингем, на која ѝ биле потребни помалку од три недели да се справи со вирусот, била примена во болницата кон средината на март под сомнение за пневмонија.

„Многу сум среќна што го победив овој вирус. Не можам да дочекам да го видам семејството“, рече Тичен додавајќи дека со нетрпение ја очекува свечената трпеза во нејзиниот дом.

„Сега имам апетит“, рекла таа.

Тичен е родена во 1913 година, во времето кога крал бил Џорџ Петти, дедото на сегашната британска кралица Елизабета Втора, пренесува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави