Алегри може да го предводи Њукасл по пристигнувањето на нови инвеститори

Поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Масимилијано Алегри може да го предводи Њукасл.

Според „Сан” 53-годишниот Италијанец ќе стане дел од новиот проект на клубот, кој наскоро ќе го откупат нови инвеститори.

За Алегри се заинтересирани и Манчестер јунајтед, Арсенал, Реал Мадрид, Баерн Минхен и ПСЖ.

Во тековната сезона, Њукасл по 29 натпревари го зазема 13. место во Премиер лигата, со 35 бода.

Треба да знаете
Последни објави