Полицијата нема да дозволи собири на верници во Црна Гора

Директорот на Управата на полицијата на Црна Гора Веселин Вељовиќ денеска изјави дека полицијата нема да дозволи верски собири поради епидемијата на коронавирус, потсетувајќи дека со одлука на националниот координативен тим за заразни болести на верски собири се дозволува присуство само на свештеници.

– Полицијата, заедно со другите надлежни органи, ќе обезбеди доследно почитување на наредбите и мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, односно верските обреди во верските објекти да се извршуваат исклучиво без присуство на верници. Секој обид за кршење на наредбата и мерките, полицијата енергично ќе го спречи, а одговорните за загрозување на јавното здравје – ќе ги процесуира, согласно законот, без исклучоци, истакна Вељовиќ.

Претходно, на социјалните мрежи беше најавено дека Српската православна црква од црногорските власти ќе побара овозможување Белигденска литургија со присуство на верници.

Црногорската полиција во неделата повика на информативен разговор повеќе свештеници и граѓани кои дале изјави за околностите во кои имало собири во верски објекти.

Треба да знаете
Последни објави