Вучиќ го премисли Кон

Првиот човек на епидемиолошкиот тим  во Србија, д-р Предраг Кон останува на чело на овој тим во битката со коронавирусот, откако утрово најави дека ќе се повлече и оваа улога ќе му ја препушти на некој друг. Кон ја променил својата одлука откако имал разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

-Размислував да заминам од челната позиција на епидемиолошкиот тим, бидејќи нивото на безобразие и неосновани критики ги минаа сите граници. Покрај неиздржаните критики многу ме погоди и барањето на СПЦ, бидејќи се што е постигнато во борбата против корнавирусот досега е со цел да се спасат животите на граѓаните на Србија – изјавил Кон по разговорот со Вучиќ и одлуката да го смени своето мислење околу повлекување.

Треба да знаете
Последни објави