Search

Хрватска размислува за враќање на нормалните животни активности

Хрватска во претстојниот период  очекува олабавување на мерките кои ги има на сила во борбата со пандемијата од коронавирусот. Со ваква најава излезе министерот за здравје Вили Берош напоменувајќи дека неможе да се предвиди однесувањето на вирусот, па затоа не сака да соопштува никакви рокови кои не би можеле со сигурност да ги испочитуваат.

– Бројот на заразените од коронавирусот во Хрватска сеуште е во границите кои здравствените власти си ги поставија како одредница, па затоа сметаме дека стараегијата во справувањето со пандемијата дека дава резултати. Целта е да го забавиме брзото инфицирање меѓу луѓето и да му овозможиме на здравствениот систем да им пружи адекватна заштите на сите на кои им е потребна. Можам да кажам дека нашите бројки се многу добри – вели Берош.

За мерките кои ги применува Хрватска, а со кои треба да се спречи ширењето на коронавирусот и да им се овозможи на луѓето враќање во нормалните животни активности, министерот смета дека треба да бидат избалансирани.

-Она што не очекува во претстојниот период да размислуваме за релаксација на овие мерки. Да се дозволи да функционираат сите активности кои во овој период можат да се извршуваат, да почне да функционира економскиот крвоток, но и да успеваме да одржуваме избалансиран број на новозаразени од вирусот – додава Берош.

 

Треба да знаете
Последни објави