Search

Коронавирусот ги одложи изборите во Доминиканска Република

Доминиканска Република ги одложи претседателските и парламентарните избори поради пандемијата на коронавирус, објави денеска Изборната комисија во оваа островска земја, јавува ДПА.

Место на првично планираниот датум, 17 мај, гласањето ќе се одржи на 5 јули. Доколку е потребно, вториот круг од гласањето ќе се одржи на 26 јули.

Претседателот Данило Медина е на чело на Доминиканска Република од 2012 година и, според Уставот, не може да се кандидира за трет мандат.

Долгогодишниот министер за инфомации, Гонзало Кастиљо, ќе се кандидира за функцијата од социјалдемократската Доминиканска ослободителна партија, со која претседава од 2004 година.

Во Доминиканската Република, која со Хаити дели и дел од островот Хиспањола, досега се регистрирани 3.167 нови инфекции со коронавирус. Поради компликации од вирусот досега починале 177 лица, додека 152 пациенти се излекувале, наведува германската агенција .

По локалните избори, што беа одложени на средината од февруари поради дефекти со електронските машини за гласање, луѓето со недели демонстрираа низ улиците на оваа островска држава. Изборите, конечно, се одржаа на 15 март, потсетува ДПА.

Треба да знаете
Последни објави