Кисела Вода врши целосна дезинфекција во сите месни и урбани заедници на територијата

По многуте спорведени работни активности за спречување и превенција на вирусот „Ковид – 19″, Општина Кисела Вода и денеска на својата територија започна уште една нова голема акција за дезинфекција на јавните површини.

Во урбаните заедници „Цветан Димов” и „11 Октомври – згради”, дезинфекција е извршена во: околу 50 влезови на станбени згради, пред влезовите на маркетите, аптеките и банките. Дезинфицирани се и автобуските постојки, клупите и корпите за отпадоци во парковите, како и затворените за употреба детски и спортски игралишта.

Во периодот што следува, работните активности за спречување на вирусот ќе продолжат да се одвиваат во сите урбани и месни заедници во општината.

Градоначалникот Филип Темелковски повикува и замолува за почитување на мерките и препораките дадени од Владата и Министерството за здравство. Воедно, градоначалникот Темелковски уште еднаш упатува голема благодарност до сите вклучени во борбата против вирусот, а на сите заразени им посакува брзо и успешно заздравување.

Треба да знаете
Последни објави