Search

Документот откри кое име го користи принцот Хари по напуштањето на Кралството

Принцот Хари ги напушти сите кралски и воени должности на последниот ден од март, па тој и неговата сопруга веќе не ги користат титулите негово/нејзино кралско височество. Ним не им се одземени титулите, но веќе нема да ги користат затоа што во иднина самите ќе заработуваат и нема да бидат претставници на кралицата Елизабета.

Многу обожаватели се прашуваа кое име и презиме сега го користи принцот Хари, па британските новинари успеаја да го откријат и тој податок.

Во документот што Хари неодамна го потпиша стои дека тој сега се претставува како принц Хенри Чарлс Алберт Дејвид, војвода од Сасекс.

Во долгото име ја нема титулата неговото кралско височество, но ги нема ни кралските презимиња што Хари повремено ги користел. Презимето Монтбатен-Виндзор му го даде на својот син Арчи и самиот повремено го користел, а презимето Велс го користел за време на своето школување и во војската

Треба да знаете
Последни објави