Намалување за 40 отсто на кириите за одредена категорија студенти во Грција

За 40 отсто помала кирија ќе платата студентите кои студираат во други градови, далеку од нивното постојано живеалиште и се економски зависни од родителите кои работат во компании затворени или погодени од вонредните мерки за справување со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретната мерка денеска беше соопштена од Министерството за финансии на Грција, велат дека била неопходна за поддршка на семејствата чии деца се студенти и зависни од нив, а одлуката, следната седмица ќе биде доставена на гласање во грчкиот Парламент.

Паралелно, Владата разгледува воведување на поволни даночни регулативи за сопствениците на недвижен имот, кои ќе добијат само 60 отсто од киријата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави