Мустафа го прашува Курти: Како земјоделците ќе ја работат земјата ако им е забрането да излегуваат

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, ја праша владата на премиерот Албин Курти дали има решение за тоа како земјоделците ќе ги извршуваат своите работи кога им се забранува да излегуваат од дома, јави дописникот на МИА од Приштина.

Реакцијата на Мустафа уследи по вчерашната одлука на владата на граѓаните да им се дозволи излегување само по еден час и половина, како дел од мерките за справување со епидемијата на Ковид-19.

„Дали Владата во оставка има одговор, како земјоделците ќе ја завршат сеидбата кога ним им се забранува да излегуваат од дома”, праша Мустафа на Фејсбук.

Со одлуката што синоќа ја објави министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа, граѓаните ќе можат да излегуваат по 90 минути за снабдување со прехрамбени и фармацевтски производи од 7 до 22.30 часот, во период определен според претпоследната бројка од нивниот персонален број.

Треба да знаете
Последни објави