Шилегов: Денес подигнат 780 тони отпад произведен викендов

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за сликата со преполни контијнери во Градот по полицискиот час кој почна од петокот во 16 часот и заврши утрово вели дека некој не се погрижи да се почитува полицискиот час и дека граѓаните произвеле 2,5 пати повеќе отпад од вообичаеното.

– Основната претпоставка беше дека сите ќе го почитуваме полицискиот час. Работевме во петокот и саботата, не работевме во неделата очекувајќи дека ќе се почитува полицискиот час и луѓето ќе го фрлат отпадот во понеделник сабајле за да може да го подигнеме. Веќе во тек е интезивно подигање во делови од градот и до вечерва ќе се стабилизира состојбата. Зошто некој не се погрижи да се почитува полицискиот час е друго прашање, а од друга страна јас сум свесен дека граѓаните седејќи во домовите, за првпат затворени на тој начин, решија да ги исчистат своите домови и бројките велат дека е произведен многу повеќе отпад од она што просечно се произведува. Добив информација дека до 18 часот, подигнат е 780 тони отпад, за разлика од околу 300 тони кои се подигаат преку викенд, некаде 2,5 повеќе, вели Шилегов.

Треба да знаете
Последни објави