Search

Мајката на НБА ѕвездата Карл Ентони Таунс почина од коронавирус

Карл Ентони Таунс, кошаркарот кој настапува за Минесота Тимвервулвс, доби тажни вести затоа што неговата мајка ја загуби битката со вирусот ковид-19.

Џеки Таунс се бореше со вирусот кој масовно се шири во светот повеќе од еден месец, но не успеа да ја добие битката. Информацијата ја објавија од Минесота, од каде истакнаа дека таа повеќе не е на овој свет.

„Џеки беше жена, мајка, ќерка, баба, сестра, вујна, пријател. Беше сила на семејството Таунс. Прекрасна, грижлива личност која го одушеви секој кој ја запозна. Никогаш нема да можеме да ја замениме нејзината енергија и страст“, велат од Минесота.

Семејството Таунс исто така објави кратко соопштение во кое се заблагодари на лекарите кои ги дадоа сите напори да ја спасат, но не успеаја.

Треба да знаете
Последни објави