Search

(Видео) Во Сингелиќ се разотидоа граѓаните, полицијата ги ослободила притворените

Состојбата во Сингечиќ се смири, а насобраните граѓани се разотидоа, откако полицијата ги ослободиле лицата кои наводно го прекршиле полицискиот час, јави „ТВ21“.

На терен се појави и градоначалникот на Општина Гази Баба. Борис Георгиевски, кој пред присутните рече дека ќе вложи напор уапсените да бидат ослободени.Набргу потоа, полицијата ги ослободите тројцата уапсени, по што граѓаните почнаа да ја ослободуваат улицата.

https://youtu.be/w7LqdHlexPk

За Телевизија 21 зборуваше и лицето кое било притворено од страна на полицијата и рече дека веднап било ослободено. На прашање на ТВ21, рече дека се случило тоа бидејќи биле неколку лица во дворот, но дека тоа не било ништо сериозно.

Додава дека од страна на полицијата не била користена сила врз него.

https://www.facebook.com/FurKlan/videos/1141417756204108/

Треба да знаете
Последни објави