Грците се загрижени оти се собираат мигранти, а незнаат дали се заразени со коронавирус

Грчкиот министер за миграција Нотис Митаракис изјави дека иако мигрантите почнале да се собираат на турскиот брег кој гледа на Егејското Море, нема индиции дека се заразени со вирусот „Ковид-19“, како што пренесуваат некои медиуми.

„Од почетокот знаевме дека Турција ќе врши притисок. По првичната силна реакција на Грција кон Еврос и островите, може да забележиме значителен пад на пристигнувањата од почетокот на март, но знаеме дека приливот повторно ќе се зголеми во одреден момент“, изјави Митаракис за телевизијата Мега, објави „Катимерини“.

Тој додаде дека грчките власти ќе сторат сé што можат за да го спречат преминувањето на мигрантите во Грција со помош на шверцери и дека на секој мигрант кој влегува во земјата ќе му биде одреден двонеделен карантин.

Грчките медиуми објавија дека Турција им помага на мигрантите заболени од вирусот Ковид-19 да преминат во Грција.

Треба да знаете
Последни објави