Search

(Видео) Претседателот на Уганда прави склекови на 75 години

Додека земјите ширум светот се борат со пандемијата на коронавирусот и се обидуваат да влијаат на граѓаните да останат во своите домови, претседателот на Уганда, Jовери Мусевени се обиде ова да го постигне со поинаков и уникатен пристап.

Во Уганда, според информациите од универзитетот Џонс Хопкинс и Министерството за здравство во земјата, досега се регистрирани 53 случаи на инфекција.

За да ги охрабри сонародниците да не излегуваат надвор, 75-годишниот претседател објави видео на кое се гледа како вежба во неговиот кабинет, јави Си-ен-ен.

„Ако сакате да вежбате тоа можете да го сторите и на затворено“, напиша Мусевени на „Твитер“.

На видеото се гледа претседателот, кој облечен во сиви тренирки, најпрво бос трча низ кабинетот, а потоа прави склекови:

„Вчера ги обесхрабрив луѓето што трчаат во групи поради ризикот на кој се изложуваат среде пандемијата. Но не мора да вежбате на отворено. Еве ја мојата демонстрација за тоа како можете да тренирате во затворен простор и да останете безбедни“, напиша претседателот на Уганда.

Треба да знаете
Последни објави