Search

Над 100 илјади починати од Ковид-19 во светот, но од Италија и Австрија стигаат охрабрувачки вести

Досега во светот пријавени се повеќе од 1,6 милион случаи на заразени со коронавирус, а бројот на починати надмина 100 илјади.

Според статистиките, во моментот бројката на смртни случаи на глобално ниво изнесува 100.450, а од Ковид-19 закрепнале 356.671 луѓе.

Најмногу заболени има во САД – 458.445. Следува Шпанија со 152.446, Италија со 143.626, Франција со 117.749 и Германија со 115.523 заразени.

Најмногу луѓе починале во Италија – 18.229, потоа во САД – 16.312, Шпанија со 15.238 смртни случаи и 12.210 во Франција.

И покрај тоа што статистиките говорат за повеќе од 100.000 починати во светот досега, од Австрија стигнуваат охрабрувачки вести.

Тамошниот министер за здравствена и социјална заштита, Рудолф Аншобер, рече дека во последните денови има поголем број оздравени отколку новозаразени, со што се продолжува позитивниот тренд во борбата против вирусот.

И во Италија денешните бројки претставуваат позитивна промена во споредба со вчерашниот ден.

Денеска, починале 570 луѓе во споредба со вчера кога животот го загубија 610, а има има 3.951 случај на новозразени, што исто така е опаѓачки тренд во споредба со претходните 24 часа кога беа регистрирани 4.024 случаи.

Треба да знаете
Последни објави