Search

Димевски: Антикорупциската да ги истражи сите факти и јавно да ја соопшти одлуката

Даниел Димевски, надворешниот соработник за прашања од областа на спортот во премиерскиот кабинет, реагира кога денеска антикорупциската комисија (ДКСК) отвори предмет за наводно спорна закупнина на земјиште кое е дел од Спортско-рекреативниот центар „Кале“.

Во предметот на ДКСК се вели дека тој во својство на надворешен соработник и управител на правното лице „Турд олимпик“ ДОО Скопје стекнал својство на закупец на СРЦ „Кале“.

Димевски во својата реакција вели дека станува збор за спинувани факти, а во прилог на демантот доставува и прилози, односно фотограгии од документи со кои го поткрепува своето тврдење.

Во продолжение интегрално го пренесуваме неговиот демант:

Објавен јавен повик – оглас за издавање земјиште, а не објекти, кое е дел од СРЦ „Кале“, на кои парцели во моментот има запуштен паркинг и целосно руиниран и запуштен базен.

Спортските сали „Кале 1“, „Кале 2“ и лизгалиштето не се предмет на закуп.

„Кале 1“ – предадена на КФСМ, „Кале 2“ – издадена на КК „Вардар“, лизгалиштето – издадено на Федерацијата за лизгачките спортови на РСМ.

По учеството на јавниот повик и наддавањето, комисиски избор на најповолна понуда во износ од 600 евра плус ДДВ.

„Реновиран паркинг-простор, кој ќе работи исклучиво како паркинг. Повлечена извршна судска пресуда на износ од 123.000 евра плус камати. Буџетот спасен од камати“, вели Димевски во својата реакција.

Тој воедно ја повикува антикорупциската комисија што побргу да ги истражи сите релевантни факти и јавно да ја соопшти одлуката.

 

 

Треба да знаете
Последни објави