Шпанците би можеле фудбалската сезона да ја доиграат на Канарските острови

Како да завршат првенствата во време кога насекаде се води битка со коронавирусот е главна тема на националните фудбалски асоцијации. Во шпанските медиуми се појави идеја наместо да се чека да се смири ситуацијата со коронавирусот, натпреварувањето да продолжи целосно на Канарските острови ! Таму би се преселиле сите екипи од Првата и Втротоа шпанска лига

Хорхе Марсијал кој е претседател на асоцијацијата на хотелите во Тенерифе тврди дека овој остров заедно со останатите на Канарските острови може да обезбеди услови во кои играчите би биле изолирани со цел да се доигра сезоната.

Хотелите можат да примат 42 тима, а тоа значи дека таму има доволно место да се сместат  клубовите. Звучи лудо, меѓутоа ако навистина има услови ова би можело да биде идеја која ќе ја разгледаат Шпанците за да ги решат проблемите кои им ги наметна коронавирусот со одигрувањето на оваа сезона.

Треба да знаете
Последни објави