Чешка и Литванија ќе одржат избори во октомври

Чешка и Литванија денеска закажаа избори за октомври и покрај неизвесноста во врска со пандемијата на коронавирусот.

Чешкиот претседател Милош Заман рече дека регионалните и делумните избори за Сенатот ќе се одржат на 2 и 3 октомври. Избирачите ќе гласаат за парламентите во 13 региони во земјата, како и за избор на третина од претставниците во Сенатот.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека земјата ќе одржи избори на 13 октомври, додавајќи дека не смета оти пандемијата на вирусот ќе претставува проблем во врска со излезноста на изборите.

– Изборната кампања ќе започне на невообичаен начин – со строги ограничувања за митинзи и настани, рече Науседа и додаде дека останатиот дел од изборната сезона ќе зависи од тоа како ќе се успее во спречувањето на ширењето на коронавирусот.

Околу 2,5 милиони Литванци со право на глас ќе изберат пратеници во националниот Парламент кој има 141 места.

Треба да знаете
Последни објави