Во Крушево дезинфекција на објектите, со работа почнуваат и волонтерите

– Во Крушево денеска продолжи дезинфекцијата на здравствениот дом, полициската станица, противпожарната единица, банките и поштата. Ова е трета фаза на дезинфекцијата во оваа општина, а според најавите, ќе се продолжи и во наредниот период.

Од денеска започнуваат со работа и осумте лица ангажирани за помош на стари и изнемоштени и лица со посебни потреби. За нив е обезбедена неопходна заштитна опрема.

Оваа активност општината ја спроведува заедно со Програмата за развој на Обединетите Нации.

Досега, во Крушево има три случаи позитивни на корона вирусот.

Треба да знаете
Последни објави