Search

Убиени 25 војници при напад во Мали

Нападот врз базата во градот Бамба, во областа Гао, е најверојатно извршен од вооружени групи поврзани со Ал Каеда или Исламска држава, кои дејствуваат во регионот.

Тоа е втор голем напад од почетокот на годинава врз воени цели на Мали во регионот Гао.

Повеќе од 30 војници беа убиени кон крајот на минатиот месец во напад извршен во селото Таркинт.

Нападот се случи во момент кога Владата соопшти дека планира да започне дијалог со вооружените групи поврзани со терористичката организација Ал Каеда.

Претседателот на Мали, Ибрахим Баубакар Кеита изрази подготвеност неговиот кабинет да започне преговори со бунтовничките групи, со цел да се прекине тешката безбедносна криза во земјата.

Треба да знаете
Последни објави