Search

Поведена постапка за три лица кои го прекршиле полицискиот час во Гостивар

Гостиварското обвинителство денеска поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица кои не постапиле според здравствените прописи и со тоа го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во одделни кривично правни настани се движеле пеш или со возило за време на полицискиот час во Гостивар, односно за време на важење на забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија.

За стореното крвично дело, надлежниот обвинител од судот побара на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.​

Треба да знаете
Последни објави