Search

Русија/Ковид-19: Заболени тројца свештеници од Московската епархија

Тројца свештеници на московската епархија заразени се со новиот коронавирус, соопшти работната група за одговор на Ковид-19 од московската патријаршија.

„Ги повикуваме сите што биле во контакт со свештениците да се погрижат за своето здравје и да се изолираат”, се вели во соопштението.

Двајца други свештеници имаат симптоми на болеста, но нивните резултати се уште не се готови.

За време на неодамнешната служба во катедралата Христос Спасител, патријархот на Москва и цела Русија, Кирил ги повика сите верници да се воздржат од посета на црквите и да останат дома поради ширење на коронавирусот.

Тој рече дека тоа ќе важи се додека не им даде посебен благослов, нарекувајќи ги свештениците кои не ги почитувале тие превентивни мерки „не многу мудри лица”.

Треба да знаете
Последни објави