Search

Наставниците по физичко од Аеродром со видеонастава поблиску до своите ученици

Наставниците по физичко образование од основните училишта од Општина Аеродром активно се вклучија во онлајн-наставата. Тие за своите ученици подготвуваат видеовежби во домашни услови.

Со оглед на новонастаната состојба со ширењето на коронавирусот, наставата во основните училишта во Општина Аеродром по сите предмети се изведува непречено преку далечинско учење, односно учење од дома. Притоа се користат различни форми и методи на учење и комуникација со помош на разни дигитални алатки, е-платформи и слично.

Треба да знаете
Последни објави