Search

Градоначалникот во „Ѓорче Петров“ користи приватно возило за службени потреби

Градоначалникот на Општината Ѓорче Петров, Александар Наумоски на својата фејсбук-страница информира дека локалната самоуправа користи мерки за штедење и пред кризата со коронавирусот.

Градоначалникот користел приватно возило и за службени цели изминатите три месеци, а службеното „ауди” го отстапиле на полицијата во Ѓорче Петров заради подобра мобилност при справување со пандемијата. Со тоа, за првите три месеци биле заштедени 36.000 денари.

Како што пишува Наумоски, заштедени се повеќе од 20.000 евра за поправки на службените возила во изминатите две и пол години, а намалени се и сите непродуктивни трошоци.

Треба да знаете
Последни објави