Search

Шпанија ја продолжи вонредната состојба

Владата на Шпанија објави продолжување на вонредната состојба за дополнителни 21 дена откако бројот на заразени со коронавирус достигна околу 120.000.

Околу 47 милиони луѓе во Шпанија се во карантин од 15 март, кога беше прогласена вонредна состојба во земјата. Иако првично беше објавено дека ќе трае две недели, владата повторно ја продолжи.

Во Шпанија 546 луѓе починале од коронавирус во последните 24 часа. Ова е најнискиот број на смртни случаи во последните осум дена.

Треба да знаете
Последни објави