Search

ВМРО-ДПМНЕ: Ако докторите се заштитени тогаш зошто се случи хаварија со заразата на медицинскиот персонал во Куманово…

Соопштение до јавноста-реакција на соопштението на министерството за здравство и ставовите на Венко Филипче

„Министерството за здравство наместо да дејствува како политичка испостава за заштита на неспособноста на Заев и Филипче да одговори:

  1. Ако докторите се заштитени тогаш зошто се случи хаварија со заразата на медицинскиот персонал во Куманово, Охрид, Детска болница Козле, Дебар, Клиника за кардиологија…
  2. Како се случи Заев да каже дека е донесена одлука за набавка на респиратори, а Филипче денес да најави дека ќе набавува. Дали пред време е донесена одлука кој да го добие милионскиот тендер?
  3. Како се случува приватните болници да имаат поголем број на откриени новозаразени случаи од јавното и со поевтини тестови.

На крај, критиката базирана на факти не можете да ја забраните“

Треба да знаете
Последни објави