Search

Мицкоски: Најавивме кривична пријава за Филипче, но заклучивме дека во овој момент не треба

Ние најавивме на почетокот кривична пријава за министерот Венко Филипче, но врз основа на сите оние информации кои потоа дојдоа до нас, заклучивме дека во овој момент не треба да се поднесуваат кривични пријави, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Микцоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју” .

Посочи дека не се согласува со ставот дека граѓаните мислат дека министерот за здравство добро менаџира со кризата.

-Да претпоставиме дека добро менаџирал со кризата, но пред кризата народот за менаџирањето со здравството му дал двојка. Па сега вие заклучете дали тој треба да менаџира со здравството по кризата, рече Мицкоски.

Според него, власта не води сериозна борба против пандемијата на коронавирусот, со оглед на инфромациите кои ги има се дека Министерството за здравство во моментов не располага со повеќе од 100 теста за коронавирусот.

-Јас имам информација дека немаат повеќе од 100 теста за коронавирусот на располагање. Ако навистина имаат 350 теста на располагање тоа е катастрофално, оцени Мицкоски.

Рече дека до пред неколку дена се тестираа околу 400 лица на ден за коронавирусот, а сега, според него резервите на тестови се доведени на минимум и со таа динамика државава има тестови само за уште еден ден.

На прашањето дали мисли дека во ситуација на коронавирус некој ќе се обиде да мести тендери за респиратори, како што тоа Филипче и Владата на СДСМ, според него се обиделе да го направат, Мицкоски одговори дека за тоа дали верува или не верува времето ќе покаже.

-Но се плашам да не бидам во право и тогаш ќе биде проблемот ако бидам во право. Верувајте многу ретко во животот газам на трула штица и во овој случај не би сакал да бидам во право, но за жал можеби ќе бидам во право, рече Мицкоски. 

Треба да знаете
Последни објави