Search

Баерн М. ќе казнува ако фудбалерите не возат Ауди

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен ќе ги казнува своите фудбалери со 50.000 евра ако некој од нив биде фатен да вози автомобил што не е од палетата на Ауди.
Автомобилскиот гигант има спонзорски договори и со Реал Мадрид и со Барселона и нивните играчи се придржуваат до упатствата и возат производи на спонзорот што не е случај кај Баварците.
„Билд” пишува дека Роберт Левандовски низ Баварија се развозува со Бентли, Суле во Ферари, а Боатенг во Мерцедес. Затоа и казните пто неодамна ги најави спортскиот директор н аБаварците, Хасан Салихамиџиќ.
Баерн Минхен има спонзорски договор со Ауди од 2006 година. Компанија, патем, е сопственик на осум отсто од акциите во клубот во кој насочува и огромна сума на финансиски средства. Како последица на тоа, фудбалерите добија автомобили од Ауди и должни се да ги возат, но голем дел од нив не се придржува до клупските препораки, па оттука и најавените казни.
Треба да знаете
Последни објави