Србија ја повлекува одлуката за информирање во вонредна состојба

Моја  e одговорноста што донесовме ваква одредба и што не ја образложив вели Брнабиќ која најави дека денеска таа уредба за централизирано информирање ќе биде укината иако и натаму верува дека со оваа одлука се штитат граѓаните од лажните информации со кои ќе продолжат секојдневно да се борат.

Владата на Србија ја повлекува одлуката од 28 март со која информирањето за сите информации околу справувањето со коронавирусот и другите преземени мерки околу заштитата на здравјето на луѓето во екот на пандемијата требаше да ги дава само кризниот штаб на чело со премиерката Ана Брнабиќ. На сите други лица кои ќе изнесеа било какви информации за коронавирусот во вонредна состојба според оваа одлука им беше највено дека ќе се сметаат за неточни и за ширење дезинформации за што се сноси одговорност според законите. Но, само по неколку дена и рекацијата на новинарските здруженија во Србија, како и ОБСЕ за слобода на медиумите, одлука ќе биде повлечена.

-Прво таа одлука денеска ќе ја повлечеме на молба од претседателот Александар Вучиќ, бидејќи Србија направи се нејзините граѓани да бидат точно и правовремено информирани – изјавила Брнабиќ, пренесуваат медиумите кај северниот сосед.

Во продолжението на биката со коронавируаот информациите ќе може да ги пласира во јавноста било кој од кризниот штаб кој има овластување за тоа а не само премиерката Брнабиќ.

-Информациите треба да бидат точни и проверени, бидејќи во услови на вонредна состојба  кога реално имаме воена сотојба е важно ги заштитиме семејствата, бидејќи имавме ситуации кога не бевме информирани како кризен штаба, ниту лабораториите ни здравствените работници за информации важни за справувањето со коронавирусот како и тоа дека некој починал. Имавме ситуации во изминатиот период за оваа проблематика да зборуваат лица кои немаат никаква допирна точка со медицината – вели Брнабиќ

.

 

Треба да знаете
Последни објави