Европратеници бараат Унгарија да се стави во „политчки карантин“

Претставниците на Унгарија треба да се исклучат од Советот на министри на земјите од Европската Унија се пораките кои ги испраќаат европјаните по новата одлука за поголеми овластувања на премиерот во оваа земја Виктор Орбан во времето на битката против коронавирусот. Тоа што Унгарија и нејзиниот премиер Орбан се најдоа на удар во Европската унија не е многу изненадувачки и нешто ново.

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн изјавил: Имајќи го предвиде законот за вонредна состојба поради епидемијата со коронавирусот кој на Орбан привремено му ја дава сета влас во земјата значи дека во срцето на ЕУ се појави „диктаторска влада“.

Унгарија поради тоа треба да биде испратена во „политички карантин“ велат европратениците додека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајн е повоздржана. Не ја споменува со име Унгарија, но ги предупредува сите земји во ЕУ дека во вонредните мерки кои ги преземаат во битката со коронавирусот мораат да бидат реални според тежината на ситуацијата во која се наоѓаат.

Европратенкиот Денис Радтке, од партијата на Ангела Меркел, јавно побара партијата на Орбан (Фидес) да биде исклучена од Европските нардони партии кои имаат најголема пратеничка група во ЕП. Тој нагласува дека попустливост несмее да има ниту за партиските пријатели кога се во прашање владеењето на правото и деморатијата.

Во Унгарија има 525 инфицирани лица од коронавирусот, а досега 20 починале.

 

 

Треба да знаете
Последни објави