Search

Трамп го предупреди Иран да не ја напаѓа американската војска во Ирак

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги предупреди Иран и неговите сојузници да не ги напаѓаат американските трупи или имотот во Ирак, наведувајќи ја можноста за изненаден напад врз Иран, но без да даде други детали.

„Врз основа на информации и верувања, Иран или неговите сојузници планираат изненадувачки напад врз американските трупи или имот во Ирак.  Ако се случи тоа, Иран навистина ќе плати многу висока цена”, напиша Трамп на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави