Најмладиот инфициран пациент со 10 години не сака да се раздели од својата мајка

Србија ги остави задсебе најтешките 24 часа откако ја почна битката со коронавирусот во кои се инфицирани 115 новозаразени, а има и седумина починати. Во битката со пандемијата во адаптираната „болница“ на Белградскиот саем каде се сместени 49 пациенти има и едно 10 годишно дете, кое е најмладиот пациент заразен во земјата со коронавирусот.

-Детето не сака да се раздели од својата мајка, иако саквме да го згрижиме во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ – вели државниот секретар во министерстваото за здравство кај северниот сосед Берислав Векиќ.

Досега од пациентите кои биле третирани во просториите на Белградскиот саем се отпуштени  18 лица. Во Србија досега се регистрирани 900 лица, 23 има починато и 43 се излекувани.

 

Треба да знаете
Последни објави