Уставниот суд на Косово ја поништи владината одлука за ограничување на движењето

Уставниот суд на Косово ја оцени како неуставна одлуката на Владата во оставка на Албин Курти од 23 март, за ограничување на движењето на граѓаните, како мерка за спречување на ширењето на епидемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Постапувајќи по барањето на претседателот на државата Хашим Тачи за оценка на уставноста на мерките на Владата, Уставниот суд, меѓу другото, оцени дека со тие мерки се прекршени уставните одредби со кои се гарантираат човековите права и слободи и дека нивното ограничување „може да се направи единствено со закон од Собранието на Косово”.

Според пресудата која беше доставена на медиумите, Владата на Курти има рок до 13 април да ја промени спорната одлука.

Откако ден по воведувањето на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот Тачи поднесе барање за оценка на нивната уставност, денеска партијата на Курти, Движењето Самоопределување, од Уставниот суд на Косово побара оценка на уставноста на јавниот повик на претседателот за непочитување на владината одлука.

Треба да знаете
Последни објави