Search

Факултетот за безбедност-Скопје и Американскиот центар за образование ќе почнат со онлајн предавања

– Факултетот за безбедност-Скопје и Американскиот центар за образование од денеска ќе започне со онлајн активности преку организирање на сесија предавања од областа на јавните политики за безбедноста и меѓународни односи за студентите од Факултетот за безбедност-Скопје и другите факултети од земјата кои следат предметните програми за безбедносни политики, безбедносни стратегии, креирање на јавни политики и современи теории и концепти за безбедност.

Целта, како што информираат од  од Факултетот за безбедност-Скопје, е поттикнување на активностите во високото образовните и во овие вонредни околности со цел мотивирање  на студентите преку електронска комуникација. Сесиите ќе вклучуваат предавања и дискуии  од професори од земјата и странствосподелување на практики за донесување одлуки, пишување трудови, симулации и евентуални посети на институции кога ќе се создадат услови за тоа.

Во првата сесија ќе говорат проф. д-р Марјан Ѓуровски проректор на УКЛО и професор на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје и проф. д-р  Горан Илиќ, декан на Правниот факултет при УКЛО.

-Потребен е сеопфатен и систематски пристап кон креирање јавни политики засновани врз принципите на човекови права, инклузивност и опфаќање на широк спектар на проблеми и сектори, воедно да одговори на глобалните ризици и заканиЗатоа ќе се започне дискусија за тоа како досега се подготвувале и донесувале јавните политики од областа на безбедноста и меѓународните односи во Република Северна Македонија и воедно прашањето за нивно преиспитување, велат од Факултетот за безбедност-Скопје.

Темите кои ќе бидат опфатени се: преиспитување и подобрување на јавната политика, евроатлантски прашања и проширување, либерални демократии и вредности во теорија и практика; и тековни актуелни теми од областа на јавните политики за глобалните предизвици и ризици. Програмата е наменета за студенти од Факултет за безбедност и сите други студенти заинтересирани од Универзитетот може да се вклучат преку нивно пријавување. Програмата е многу тесно поврзана со целите на стратегија на земјата за интеграција поврзани со безбедноста, ризиците и членството во меѓународните организации. За време на презентациите, студентите ќе имаат можност меѓу другото да стекнат повеќе знаења за различните поделби на моќ низ целата земја и светот.

За своите активности и следења на предавањата и понатамошна практична работа студентите ќе добијат Сертификат од Факултетот за безбедност и Американскиот центар за образование.

Треба да знаете
Последни објави