Search

Финска/Ковид-19: Продолжени ограничувањата до 13 мај

Финска ќе ги продолжи веќе донесените ограничувања поради коронавирусот за еден месец – од 13 април до 13 мај, изјави денеска финската премиерка Сана Марин.

За да се запре ширењето на заразата, Финска веќе го ограничи движењето од главниот град  Хелсинки кон остатокот од земјата, ги затвори своите граници, забрани собирање на повеќе од 10 лица во јавност, ги затвори повеќето училишта и ги повика луѓето да останат дома.

До денеска, властите потврдија дека има 1.313 случаи на Ковид-19 во земјата и 13 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави