Заразените бебиња од Ковид 19 се во добра состојба

Двете бебиња заразени од Ковид 19 регистрани во Србија се наоѓаат во добра состојба соопштија здравствените власти во оваа земја. Едно од бебињата немало никакви симптоми на коронавирусот пред да му биде потврдена инфекцијата.

Вестите за заразени бебиња стигнаа синоќа. Најпрво беше потврдено дека бебе старо 28 недели е заразено од коронавирус и се наоѓа во КБЦ „Драгиша Мишевиќ“, а подоцна е потврдено дека и бебето кое немало симптоми е меѓу инфицираните. Тоа било дома и под постојан надзор на Институтот за мајка и дете.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави