Search

Реина ги спореди симптомите на коронавирус со удар на камион

– Шпанскиот голман Пепе Реина, како што самиот призна, имал симптоми на коронавирус, а во разговор за радио „Кадена Сер” и ги опиша какви биле.
-Ги имав сите симптоми – сува кашлица, температура и отежнато дишење. Се чувствував како да ме удрил камион, рече Реина.
Шпанецот кој е на позајмица од Милан во Астин Вила истакна дека постапил одговорно во ситуацијата и ги презел сите мерки на самоизолација.
-Бев одвоен од семејството, се изолирав во целост. Сега се чувствувам подобро, но тоа искуство беше навистина тешко. Не ми е важно кога ќе продолжи да се игра фудбал. Ова е тешко време и ние фудбвалерите немаме право да се жалиме. Ги имаме сите услови да останеме дома, а вистински херои се оние кои живеат во 70 квадрати со три деца и се соочуваат со финансиски проблеми”, додаде Реина.
Треба да знаете
Последни објави