Search

Медиумите во Словенија и Хрватска за одлуката за преговори за Северна Македонија

– Медиумите во Словенија и Хрватска информираат за одлуката на министрите за европски прашања на земјите членки на Европската Унија да се отворат преговорите со Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Словенечката државна новинска агенција (СТА) во текст со наслов „Министрите на ЕУ го поддржаа отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија” објаснува дека поради коронавирусот преку видео врска, донесена е голема одлука за овие земји, но и за цел Западен Балкан.

– Конкретен датум кога би почнале преговорите е се уште тема на разговор, но Тирана претходно ќе мора да исполни уште неколку обврски, пишува СТА, а веста ја преземаа повеќето медиуми во Словенија.

Хрватската информативна новинска агенција (ХИНА) објави вест за одлуката за преговори со наслов „Скопје и Тирана добија зелено светло за отворање на преговорите со ЕУ”.

– Што се однесува за Северна Македонија, прва меѓу владина конференција би требало да се одржи откако Советот ќе ја договори преговарачката рамка – пишува ХИНА.

Хрватските медиуми објавуваат дека ваквата одлука за продолжување на процесот за проширување на Европската унија се случува во време на нивното претседателство со унијата.

Треба да знаете
Последни објави