Search

Косовската влада донесе нови мерки за ограничување на движењето на граѓаните

 Владата на Косово синоќа донесе нови мерки за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, ограничувајќи го движењето на граѓаните и возилата во периодот од 10 до 16 и од 20 до 6 часот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одлуката, на предлог на Министерството за здравство, е донесена на седница на Владата одржана преку конференциска видео-врска.

– Се забранува движењето на граѓани и приватни возила од 24 март во време од 10 до 16 и од 20 до 6 часот, освен за здравствени и за потреби на производството, снабдувењето и продажбата на есенцијални стоки (…) и за услуги и активности кои се во врска со справувањето со пандемијата, се вели во владината одлука.

На отворено, предвидуваат мерките, можат да се движат најмногу по две лица, кои треба да одржуваат растојание со другите од најмалку два метри.

Исто така, се забрануваат собири во сите средини – приватни и јавни, отворени и затворени – освен кога е тоа неопходно за вршење на работни задачи за спречување и борба со пандемијата. Во смртни случаи се дозволува учество единствено на членовите на тесното семејство на починатиот и лицата задолжени за погребални услуги.

Во времето кога беше донесена одлуката, во Косово официјално беа евидентирани 35 случаи на заразени од коронавирусот, но само околу еден час подоцна здравствените власти објавија дека од испитаните примероци во текот на ноќта позитивни на вирусот резултирале уште 26 лица, со што бројката на заразени се искачи на 61.

Треба да знаете
Последни објави