Search

Донесена Уредба за продолжување на управната постапка во вонредна состојба

Владата на вчерашната седница донесе Уредба за примена на Законот за општа управна постапка за време на вонредна состојба, со која се уредуваат определувањето и продолжувањето на роковите во управна постапка за време на траење на вонредната состојба.

-Според оваа уредба роковите кои согласно Законот за општата управна постапка се определени за преземање на одделни дејствија во постапката, односно роковите кои ги определува овластеното службено лице, кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале, и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба, информира владината рес-служба.

Треба да знаете
Последни објави