Search

Во Нигерија околу 70 војници убиени во заседа на екстремисти

– Околу 70 нигериски војници беа убиени во заседа на исламистички екстремисти во североисточната држава Борно, соопштија денеска тројца неименувани воени извори.

Тие рекоа дека напаѓачите синоќа користеле ракетни гранати и друго тешко оружје во нападот врз селото Горги.

Повредените војници биле пренесени во главниот град Маидугури, додека телата на загинатите биле пренесени во воена болница во Маималари.

Портпаролот на армијата, Сагир Муса потврди дека нападот се случил, но го оспори бројот на убиени војници.

Тој одби да даде детали за нападот.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Треба да знаете
Последни објави